Скршена од тага по својот сопруг Коби и својата ќерка Џиана, Ванеса Брајант својата болка ја опишува преку социјалните мрежи.
Покрај видео снимката на Коби и малата Џиана, Ванеса напишала зборови кои едноставно допираат до сечие срце.
„Не е случајно што чувствата ги покажувам преку зборови. Мојот мозок не прифаќа дека Коби и Џиана ги нема повеќе. Не можам во исто време да сфатам дека ги нема.
Додека се обидувам да “процесуирам“ дека го нема Коби, моето тело одбива да прифати дека и мојата Џиџи никогаш повеќе нема да се врати. Сè е погрешно. Зошто јас да се будам следното утро, а моето девојче да ја нема таа можност? Лута сум! Пред неа беше животот.
Потоа сфаќам дека морам да бидам силна за моите три ќерки. Лута сум што не сум со Коби и со Џиџи, но благодарна што сум тука со Наталија, Бианка и Капри. Знам дека тоа е нормално. Тоа е дел од процесот на тагување.
Само сакав да споделам како некој се чувствува кога ќе доживее таква загуба. Боже, би сакала да се тука и овој кошмар да заврши. Се молам за секоја жртва од оваа трагедија. Ве молам, продолжете да се молите за нив“ - напишала Ванеса на Инстаграм.