Синоќа во Македонија многумина не спиеја поради 92-то доделување на престижните награди за Оскар и до утринските часови го следеa преносот во живо чекајќи да видат дали нашата земја ќе се закити со “златната статуетка“.
Деновиве на Твитер постојано се појавуваат статуси со пораки со поддршка до авторите на „Медена земја“, но и за Атиџе - хероината на филмот која многумина ја нарекоа “кралица на пчелите“.
Нашиот филм не освои награда, но влезе во историјата на Оскарите - тоа е првиот филм кој е номиниран во две категории - и за нјдобар документарец и за најдобар странски долгометражен филм.
Не освоивме Оскар, но гордоста е голема затоа што имињата на Тамара Котеска и Љубомир Стефанов беа читани покрај еден Том Хенкс, Џо Пеши, Ал Пачино, Бред Пит...
Ова се дел од пораките кои твитер екипата ги упати до „Медена земја“:
„Ја чекам Атиџе со Оскарот, како да не треба утре да станам во седум часот за на работа“.
Ја чекам Атиџе со оскарот, ко да не требит во 7 да станам за на работа.
— Бјанконеро ⚫⚪ (@pece_juventino) February 10, 2020
Go n get it Hatice!!#Honeyland #Oscars2020
„Горда сум на македонските режисери и сите оние кои работеа на овој документарец кој имаше две номинации. Тие не освоија Оскар, но доколку погледнете подлабоко не освоија ниту Хенкс, ниту Пеши ниту Пачино. Нека бидат горди“.
„Филмот победи во моето срце, а се надевам дека и во свеста на многумина“.
Ама се собравме будни, ко земјотрес да имало. #Honeyland
— Гумена Бомбона Буце (@ArsovaM) February 10, 2020
25.000 евра од европски фонд, плус 50.000 евра од владава. Со вкупно 75.000 евра направија дело со кое седат рамо до рамо со оние фаци шо имет стотици милиони евра буџет за филм.
— Два терабајти (@Hard_diskot) February 10, 2020
Поклон до земја !
Да се направат споменици за луѓево.#Honeyland #меденаземја
Me stealing the Oscar from #Parasite and giving it to #Honeyland https://t.co/kPcIRWCViW
— TACO TRUCK X VB 🌌 (@bocaplin) February 10, 2020