Кијану Ривс повторно го воодушеви светот: Наместо девојка, на доделувањето на Оскарите ја довел неа

Супермен

10/02/2020

13:54

4.678

Големина на фонт

а а а

Миленикот на многу луѓе ширум светот, холивудскиот актер Кијану Ривс, на доделувањето на Оскарите наместо со девојка дошол со својата мајка Патриша Тејлор.

Кијану вчеравечер дефинитивно ја заслужи титулата “најдобар син на годината”. Ѕвездата на филмовите “Matrix” често знае да ги разнежни фановите на социјалните мрежи, каде со денови се зборува за неговите добри дела и великодушни зборови. 

Ривс и Тејлор вчера позирале на црвениот тепих, а актерот застанал и да даде интервју.


“Толку е симпатичен фактот што на доделувањето дошол со својата мајка. Сè уште не го преболев Ривс од филмот ‘Speed’”, напишала една корисничка на Твитер.

Иако со овој потег собра бројни симпатии, Кијану успеал да предизвика и конфузија. Имено, во описот на нивните фотографии од црвениот тепих, агенцијата “Getty Images” ја помешале неговата мајка со неговата партнерка, 47-годишната уметница Александра Грант.


За потсетување, Кијану пред крајот на минатата година за првпат по 35 години прошета на црвениот тепих со девојка која и тогаш, поради нејзината седа коса, многумина ја помешале со многу постарата актерка Хелен Мирен, а сега и со неговата мајка.

##https://twitter.com/Ienscap/status/1226663974369943552?s=20##

##https://twitter.com/borhapsarah/status/1226667547203919874?s=20##

##https://twitter.com/keanusre/status/1226666186789785600?s=20##


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk