Јужнокорејскиот гигант случајно на својата страница за интернет трговија откри фотографии од новиот Galaxy S20.
Покрај фотографиите, Samsung случајно го откри и името на уредот, со што се потврдија гласините дека наместо S11, новиот адут на Јужнокорејците ќе го носи називот Galaxy S20.
На објавените фотографии може да се види предната hole-punch камера која за разлика од претходникот, позицирана е централно. На задната страна се гледа како се распоредени неколкуте камери.

Фотографиите на Galaxy S20 набрзо беа повлечени, меѓутоа веќе беше предоцна.

Инаку, Galaxy S20 и официјално ќе биде претставен во Сан Франциско на 11-ти февруари. Според гласините, Samsung ќе претстави три различни верзии на Galaxy S20, вклучувајќи го и новиот Ultra модел. Инаку, сите три модели ќе имаат дисплеи од 120 Hz и поддршка за 5G.
Да потсетиме, Samsung во Сан Франциско исто така ќе го претстави и телефонот на преклопување, Galaxy Z Flip.







