Сари не смета на Бернардески, го нуди играчот на Милан за да го обезбеди потписот на…

Дерби

27/01/2020

13:21

477

Големина на фонт

а а а

Веќе извесен период се споменуваше дека Јувентус е подготвен да го понуди Федерико Бернардески на Барселона во замена за Иван Ракитиќ.

Сепак, откако клубовите не седоговорија за размена на играчите, од Јувентус ќе се обидат да се ослободат од играчот со тоа што сега ќе го понудатна нивниот ривал од Серија А, Милан.

„Тутомеркато“ пишува дека веќе се започнати преговори меѓу Јувентус и Милан за размена на играчи. Во Милан би требало да заврши Бернардески, додека во спротивен правец би требало да оди Лукас Пакета.

Пакета не беше во составот на Милан на последниот натпревар против Бреша и веќе е јасно дека би можел да си замине, а трампа на играчите со Јувентус и тоа како е можна во слендиот период.



Спонзорирани линкови

Маркетинг