Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Макфакс

25/01/2020

12:32

1.023

Големина на фонт

а а а

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на европско тло, пренесува „АП“.

Француските власти објавија дека тројцата болни луѓе патувале во Кина, а двајца од нив се од исто семејство,

Претходно, француската министерка за здравство, Анјес Бизин, рече дека два случаи на вирусот кои потекнуваат од Кина, биле потврдени во Париз и Бордо.

Таа претпоставува дека најверојатно ќе има повеќе заболени, додавајќи дека властите ќе направат се за да го ограничат ширењето на вирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг