Му се "смешка" Оскарот, а еве како одговорил на прашањето дали на доделувањата ќе ја понесе поранешната сопруга

Точка

24/01/2020

13:13

1.807

Големина на фонт

а а а

Ова е очигледно година на Бред Пит. Не само што веќе освои три награди, туку можеби му се "смешка" и првиот Оскар во кариерата, а за кој е номиниран во категоријата за споредна улога во филмот "Once upon a time in Hollywood".

Иако претходните години имало многу филмови во кои Пит ја имал главната улога и навистина добро ја завршил својата работа, оваа престижна награда на американската филмска индустрија секогаш го заобиколувала. Медиумите често пишувале дека Оскарот го заобиколува "поради убавината". 

Бред Пит вчера добил уште една награда на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, а на прашањето на новинарите како му оди на Тиндер, бидејќи на претходните доделувања на наградите се пошегувал дека ќе го освежи својот профил на оваа мрежа по многуте признанија, одговорил со "не знам".

На прашањето дали ќе се приклучи кон Инстаграм заедницата, со оглед на тоа дека пред неколку месеци истото го направила и неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон, холивудскиот актер рекол: "Мислам дека тој прозорец за мене е затворен и прилично сум среќен поради тоа".

На неодамна одржаното доделување на SAG наградите, на кои исто така добил признание за улогата во филмот на Квентин Тарантино, актерот се сретнал со поранешната сопруга Џенифер Анистон, а оттогаш медиумите едноставно не престануваат да пишуваат за нивно евентуално смирување. Тогаш била објавена и нивна прва заедничка фотографија по 15 години.

Сега и самиот актер ја "скокотнал" имагинацијата на многумина, кога на прашањето кој ќе му биде партнер на претстојната церемонија на доделувањата на Оскарите, рекол дека тоа ќе биде "една позната личност".

Тој рекол дека не чита весници, списанија ниту вести на Интернет, и дека не знае дека го поврзуваат со поранешната сопруга, и додал дека двајцата се добри пријатели. Анистон и Пит биле во брак од 2000-та до 2005-та година, отприлика до времето кога тој глумел со Анџелина Џоли во фимот "Mr and Mrs Smith".

Пит подоцна се оженил со Анџелина, а и Џенифер запловила во брачните води со Џастин Теро, но се развеле по само две години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг