Кардашијанката страда поради коментарите на сметка на изгледот, почнала да оди и на терапија

Точка

23/01/2020

21:02

3.273

Големина на фонт

а а а

За да ја намали анксиозноста која ја чувствува поради својот физички изглед, Клои Кардашијан почнала да оди на хипнотерапија.

Пред еден месец ријалити ѕвездата беше обвинета дека користи разни филери за да го промени изгледот на лицето на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

➹ 1.2.2020 ☾

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Клои многу тешко ги поднесува коментарите од хејтерите, кои го следат секој нејзин чекор и ја осудуваат. Пробала разни терапии, но хипнотерапијата е единственото нешто кое ѝ помага. Оваа терапија ѝ помага да научи да гледа позитивно кон светот без оглед на сè, пренесува Mirror.

Извори блиски до семејството Кардашијан тврдат дека Клои постојано е под стрес, мисли дека не е доволно добра и се чувствува анксиозно. Тие сметаат дека оваа терапија ја избрала во вистинско време и се надеваат дека наскоро ќе има позитивен ефект. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг