Сите мислеле дека е младеж, но сега е откриено што е всушност црната точка во увото на Новак

Точка

23/01/2020

14:55

8.615

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ речиси без една капка пот го победи Јапонецот Татсума Ито во второто коло од Австралијан опен (6:1, 6:4, 6:2), обезбедувајќи мегдан со уште еден тенисер од земјата на изгрејсонцето, Јошихито Нишиокa, во следната рунда.

И додека сите во светот на тенисот се воодушевуваат на магичните поени на Новак или фотографијата на која се гледа како во еден момент тој буквално го фрлил рекетот на кој топчето само “легнало”, многумина се заинтересираа за една друга фотографија.


Во текот на мечот против Ито, српскиот ас носел вид на фластер кој врши притисок на точка која во кинеската традиционална медицина се нарекува “шен мен” (грубо преведено – рајска капија). Според кинеската медицина, со притискање на оваа точка се решаваат проблемите со високо ниво на стрес, алергии, болка или главоболка.


За оваа едноставна метода која ја користат Кинезите велат дека дава резултати, а очигледно е дека му помага и на Новак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг