Сите убавици на едно место: Жан Пол Готје со проштална ревија за која зборува целиот моден свет

Кармин

23/01/2020

14:08

2.790

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер во Париз, во рамки на Неделата на висока мода, се одржа спектакуларна ревија на Жан Пол Готје на која била прикажана неговата најнова колекција.

На ревијата се направила и ретроспектива на неговата работа со која Готје одбележал 50 години кариера. Ревијата, која повеќе изгледала како забава, била одржана во театарот “Chatelet” кој бил мал за да ги прими сите почитувачи на ликот и делото на овој голем уметник. 

“Спектакл” е мал збор за она што вчера се случувало во Париз, а Бој Џорџ извел незаборавен перформанс и на сцената излегол во друштво на прекрасните манекенки и останатите ѕвезди.

Покрај бројните супермодели помеѓу кои биле Џиџи и Бела Хадид, Ирина Шајк, Парис Џексон, Карли Клос, Вини Харлоу, Џоан Смолс... на ревијата заблескала и Дита Вон Тиз.


Во публиката седеле неговите бројни колеги како Пјер Карден, Марк Џејкобс, Кензо, Маноло Бланик како и уредничката на најпрестижното модно списание Вог – Ана Винтур.

Ова не е последно “збогум“ бидејќи Готје ќе продолжи да се занимава со мода, но со нов концепт. Во продолжение, погледнете ги најдобрите моменти од модниот спектакл за кој денес зборува целиот свет:



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk