Интер го одбил Манчестер Јунајтед за еден нивен играч

Дерби

23/01/2020

12:45

726

Големина на фонт

а а а

„Скај Италија“ пренесува дека Интер го одбил Манчестер Јунајтед за играчот од средниот ред, Матијас Весино.

„Ѓаволите“ испратиле понуда за позајмица на Матијас Весино, меѓутоа истата била одбина од страна на италијанскиот клуб.

Причината за тоа е што Интер сака да го искористи играчот како дел од договорот за играчот на Наполи, Алан кој е пред заминување од Неапол.

Манчестер Јунајтед се обидел да го донесе играчот кој би требало да ја пополни празнината која настана со повредите на Пол Погба и Скот Мектомини, но сега Солскјер ќе мора да бара ново решение во средината на теренот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг