Дани Олмо ги напушти подготовките на Динамо и е пред изненадувачки трансфер

Дерби

23/01/2020

12:25

1.456

Големина на фонт

а а а

Дани Олмо конечно го договори заминувањето од редовите на Динамо Загреб во трансфер кој ќе биде најголем во историјата на хрватскиот фудбале.

Во изминатиов период на големо се шпекулираше дека Олмо ќе се пресели во Милан, а постоеше можност тој да се врати и во Барселона.

Сепак, младиот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во Германија каде треба да потпише договор со лидерот во Бундеслигата, Ред Бул Лајпциг.

21 годишниот фудбалер ќе потпише петгодишен договор, а за него Лајпциг ќе исплати 30 милиони евра, плус дополнителни 15 милиони евра изразени во бонуси зависно од настапите на играчот и неговите успеси во новиот клуб.

Така овој трансфер на Олмо ќе биде најскап во историјата на хрватскиот фудбал. Досега најскап трансфер беше Марко Пјаца кој за 23 милиони евра се пресели во редовите на Јувентус.

Инаку, Дани Олмо ги напуштил подготовките во Ровињ и имал емотивно збогување со своите досегашни соиграчи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг