“Заслужуваш канцер”: Грозоморни навреди на сметка на Синиша Михајловиќ поради поддршката за Салвини

Точка

23/01/2020

11:12

2.235

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ се најде на удар на дел од италијанската јавност бидејќи во едно интервју го поддржал лидерот на десничарската Лига Север, Матео Салвини.

Михајловиќ ја поддржал партијата на Салвини која се обидува да ја освои власта во регионот Емилија-Ромања на која припаѓа и градот Болоња.  

“Го има мојот глас и се надевам дека ќе победи. Се сретнавме пред неколку дена. Се познаваме долго време, пријатели сме уште од Милано и ми се допаѓа неговата одлучност, сила и борба. Матео е човек кој го остварува она што го ветува”, изјавил Михајловиќ за италијанските медиуми.

По ваквата изјава, на српскиот тренер кој од јули минатата година се бори со леукемија, му биле упатени грозоморни навреди.

Некои го опишале Михајловиќ како “националист кој бил приврзан за Слободан Милошевиќ и Жељко Ражнатовиќ”, а имало и коментари во кои се истакнало дека “заслужува канцер”.

Салвини меѓу првите му пружи поддршка на Синиша Михајловиќ кога се дозна дека боледува од леукемија, а кога српскиот тренер 40 дена подоцна одлучи да излезе од болница и да го води својот тим, токму Матео Салвини му го упати најголемиот комплимент:

“Луѓето од фудбалот чекаат на тебе. Напред Синиша, напред борецу!”, напишал Салвини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг