Првиот човек на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи предизвика нов скандал откако при отворање на џамија во кумановското село Опае повикал на „убиство на кучињата“.
Сулејман Реџепи повторно е во центарот на скандал, а институциите молчат. Првиот човек на ИВЗ при отворањето на новата џамија во Опае овој месец, повикал на убиство на „кучињата“, веројатно мислејќи на не-муслиманите и сите оние кои имаат различно мислење.
„ И треба да бидете сигурни дека меѓу нас имаме некои кучиња. Тие се најгнасните кучиња на Господ. Тие што го уништуваат единството на нашиот народ. Тие што му штетат на исламот. Тие што му штетат на нашиот верски и национален идентитет. Би ве замолил да ги идентификуваме кои се кучиња, кои се муслимани, кои се добри луѓе“, вели во говорот Реџепи, пренесува „Вечер“.
Реџепи во говорот ги споредува овие луѓе-кучиња со штетници кои шират болести и вели дека во поранешниот систем биле програмски „чистени“ затоа што ширеле „загаденост“.
Првиот човек на Исламската верска заедница за крај се повикува на Шеријатот како закон кој мора да се следи, иако Македонија е секуларна земја. Со ова, Реџепи повторно бесрамно врши говор на омраза, поттикнува насилство и шири верски екстремизам, што е кривично дело.
Дали во Основното Јавно Обвинителство ќе реагираат по допрен глас или ќе замижат и на ова брутално кршење на Кривичниот законик, останува да видиме.