Трамп ќе биде првиот претседател кој ќе присуствува на маршот против правото на абортус

Точка

23/01/2020

10:22

709

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп утре ќе учествува во Вашингтон на Маршот за живот и така ќе стане првиот американски претседател кој ќе се придружи на тој годинешен собир против правото на абортусот.

„Претседателот Доналд Трамп ќе биде првиот претседател во историјата кој ќе учествува на Маршот за живот“, објавија од Белата куќа на социјалната мрежа Твитер.

„Се гледаме во петок“, порача американскиот претседател Доналд Трамп.


Инаку, во 2017-та година, Мајк Пенс беше првиот потпретседател кој учествуваше на тој собир.

„За нас е голема чест што меѓу нас ќе биде претседателот Трамп на 47-миот Марш за живот“, изјави во соопштението претседателката на движењето, Жан Манчини, изразувајќи го своето задоволство од тоа што американскиот шеф на државата и неговата администрација „редовно застануваат во одбрана на животот“.


Оваа манифестација се организира на датумот на пресудата на американскиот Врховен суд од 1973-та година кога беше легализиран прекинот на бременоста во Соединетите Американски Држави.

Повеќе американски сојузни држави усвоија многу рестриктивни закони за абортусот и се надеваат дека правната битка ќе ги донесе до највисокиот суд во државата и ќе имаат шанса да ја срушат историската пресуда од 1973-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг