Пониско не може: Ова е најлудата Лада Нива која ќе ја видите оваа година

Точка

22/01/2020

18:17

4.266

Големина на фонт

а а а

Лада Нива е по многу работи посебен автомобил, а сега еден ваков модел ја понесе титулата за најнизок на светот.

Апсолутниот крал на поимот “low-rider” е токму оваа Нива, а е претставена од “Iling Show”. И притоа не мислиме на некоја хидраулика и сетови за спуштање на возила, туку толку опсежна преработка што автомобилот изгледа како до половина да е потонат во асфалтот. 

Иако тоа се коси со нејзината намена, оваа Лада никогаш не била пониска. Залепена за подлога ја губи смислата поради која настанала, но затоа буди восхит според авторите на оваа навистина несекојдневна преработка. За да се вози волку залепен за подлогата, модифицираниот автомобил бара многу труд и ништо помалку знаење.

Ладата е толку ниска што задните тркала ја презеле улогата на патници во кабината, а предните дури го пробиле и поклопецот на моторот. Моторот испаднал надвор, а освен недостатокот на стакла, се поместил и ауспухот. Всушност, погледнете сами:



Спонзорирани линкови

Маркетинг