Сакал да биде Кен, а сега е барбика: Овој човек имал над 200 операции па се упропастил - еве како изгледа сега

Супермен

22/01/2020

16:40

4.093

Големина на фонт

а а а

Родриго Алвес е прогласен за човек кукла кој на своето тело има повеќе од 200 операции и целосно се трансформирал, а сега отишол и чекор понатаму па станал жена.

Тој неодамна објавил дека е трансродна личност и искрено зборувал за тоа дека му е жал што неговата транзиција не почнала порано, пишуваат од „Daily Mail“.

Оваа медиумска личност (36) ги покажала своите облини во тесни фармерки додавајќи акцент на свилената, црвена раскопчана кошула.

Претходната седмица оваа ѕвезда зборувала во медиумите за своето “повторно раѓање“ како трансродна жена и изјавила дека жали поради тоа што нејзината транзиција не започнала порано.

„Волја на Бог е да бидам жена. Чувствувам дека сакал да ме искористи како пример за другите да ги научам што е тоа транс личност“ - вели Роди.

„Кога бев мала, сакав кукли и фустани и се чувствував како девојче, но немав поим за тоа што значи трансродна личност. Сега тоа подобро го разбирам. Потрошив многу пари за да имам вештачки мускули и бицепси, но во кожата на маж се чувствував неудобно. Не беше мојата судбина да бидам машко“ - вели таа.

На Родриго му преостанува легално да го смени своето име, а него засега го чува во тајност иако претходно го користел името Џесика како свое алтер его. Истакнала дека луѓето биле полни со поддршка кога им кажала дека е трансродна личност.

„Повратните реакции беа многу позитивни. Многу мажи ме викаа на состанок“ - вели Роди.

Тој исто така открил дека животот не му е лесен, а живеејќи го како маж го терало да се чувствува како лажен и да има суицидни мисли.

„Понекогаш се чувствував дека доколку извршам самоубиство ќе биде полесно за сите. Се оддалечив од сите пријатели и станав многу депресивна затоа што многу сакав да објавам дека сум жена. Се чувствував како да не можам да го направам тоа поради работата на телевизија и семејство, а тоа доведе до тоа што не сакав да се облекувам затоа што целата облека беше типично женска“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk