СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Макфакс

22/01/2020

13:17

564

Големина на фонт

а а а

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на Кина, како и во други земји.

„Во наредните денови, може да се очекуваат повеќе случаи во другите делови на Кина, како и во други земји“, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.

Засега во Кина најмногу случаи се забележани во градот Вухан, а се верува дека се проширил од пазарите со морска храна, иако изолирани случаи се регистрирани и во Шангај и во Пекинг.

Запрашан за причините за појавување на нови случаи, Јашаревиќ рекол дека Кина го зголемува надзорот над вирусот.

„Ако го зајакнете надзорот и тестирањето, големи се шансите да има нови случаи“, рекол тој.

Вирусот стигна и до САД. Маж кој неодамна се вратил во Сиетл од Вухан, каде бил на пат, е прво лице заразено со новиот вирус во Америка. Американскиот државјанин не покажувал симптоми кога се вратил во земјата минатата среда, кога сè уште не беа прегледувани патниците од Кина на неколку аеродроми во САД.

Мажот е хоспитализиран и е во добра состојба и претставува мал ризик за останатите.

Се верува дека сите меѓународни случаи на вирусот се поврзани со првобитната појава на вирусот во Вухан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг