Светот одлучи: Капитализмот носи повеќе штета отколку корист

Точка

21/01/2020

18:37

3.476

Големина на фонт

а а а

Повеќето луѓе веруваат дека капитализмот во својата денешна форма носи повеќе штета отколку корист, открило едно истражување пред Светскиот економски форум.

Авторите на истражувањето наведуваат дека претходните истражувања кои покажале раст на чувството на нееднаквост, ги натерале да ги прашаат граѓаните дали почнале да имаат подлабоки сомнежи во западните земји втемелени на капитализмот. 

Учествувале 34.000 луѓе од 28 земји

"Одговорот е "да"", рекол Дејвид Берзоф, лидер на истражувањето кое го спровела американската компанија Еделман.

"Луѓето преиспитуваат дали тоа што го имаме денес и светот во кој живееме е идеален за нивната иднина", рекол тој, пренесува "Index".

Во истражувањето учествувале 34.000 луѓе од 28 земји. Испитани биле граѓани од западните либерални земји како САД и Франција, но и граѓани на Кина и Русија.

Повеќе од половина од сите испитаници, 56 проценти од нив, сметаат дека "денешниот капитализам носи повеќе штета отколку корист во светот".

Недостигот на доверба во капитализмот е најприсутен на Тајланд, Индија и во Франција

На национално ниво недостигот на доверба во капитализмот најприсутен е на Тајланд (75%), во Индија (74%) и во Франција (69%). Во другите азиски и европски земји, и оние од Персискиот залив, како и во африканските и латиноамериканските држави, преовладува истата оценка во вредност од преку 50%.

Единствено во Австралија, Канада, САД, Јужна Кореја, Хонгконг и Јапонија, повеќето испитаници не се согласуваат со тврдењето дека капитализмот моментално носи повеќе штета отколку корист.

Истражувањето потврдило различен вид на загриженост кај граѓаните, од онаа поради брзиот технолошки развој и небезбедноста на работните места, од недостиг на доверба во медиумите и чувството дека националните влади не умеат да се носат со денешните предизвици.

Довербата во бизнисот поголема отколку во владата

Притоа податоците на некои места малку се разликуваат, па Азијците се пооптимистични од другите во светот кога станува збор за економската перспектива. Мислењата се разликуваат во зависност од статусот, па оние подобро образуваните имаат повеќе доверба во тоа како се водат работите.

Лидерите на корпорациите кои оваа недела ќе се соберат во Давос би можело да ги заинтересира податокот според кој довербата во бизнисот е поголема отколку во владите, и дека 92 проценти од вработените сметаат дека главните директори на компаниите би требало да проговорат за актуелните општествени и етички прашања.

"Бизнисот ја исполни празнината која ја оставија популистите и партиските влади", рекол главниот директор на Еделман, Ричард Еделман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг