Малезија на Британците им враќа 42 контејнери со отпад: Не сакаме да бидеме светска депонија!

Точка

21/01/2020

13:52

1.500

Големина на фонт

а а а

Малезија во Велика Британија ќе врати 42 контејнери илегално увезен пластичен отпад, соопшти министерката за животна средина на оваа азиска земја.

Јео Би Џин соопшти дека Малезија започнува да презема чекори со цел да не стане светска депонија. Малезиската министерка порача дека нејзината земја ќе испрати околу 150 контејнери со ѓубре назад во земјите од каде што тоа пристигнало.

Од владата на Велика Британија соопштија дека го примиле барањето на Малезија уште во текот на минатата година и дека некои контејнери со отпад веќе пристигнале назад.


„Продолжуваме да работиме со бродовите и властите од Малезија за да обезбедиме целиот отпад да се врати назад што е можно побрзо“, изјавија од агенцијата за заштита на животната средина.

Земјата од југоистокот на Азија забележа голем пораст на пластичниот отпад откако Кина, некогаш најголемиот увозник во светот, најави забрана во 2017-та година. Поради тоа, малезиските власти соопштија дека вкупно 3,737 метрички тони отпад се вратени назад во 13 земји, вклучувајќи 43 контејнери на Франција, 42 на Велика Британија, 17 на САД и 11 на Канада.

Тамошните власти се надеваат дека ќе успеат да вратат уште 110 контејнери до средината на оваа година, од кои 60 ќе отпатуваат за САД.


Многу богати земји испраќаат отпад кој може да се рециклира во азиските земји затоа што е поевтино, помага во исполнувањето на целите за рециклирање и ги намалува домашните депонии. Европската унија е најголем извозник на пластичен отпад.

„Тоа што жителите на Велика Британија веруваат дека го испратиле на рециклирање, всушност завршува како отпад во нашата земја“, изјави минатата година министерот за заштита на животната средина во Малезија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг