Иако повреден не се оддалечува од тимот: Рашфорд испрати силна порака на социјалните мрежи

Дерби

20/01/2020

12:53

1.281

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд ќе отсуствува од терените во следните три месеци и многу ќе му фали на Оле Гунар Солскјер.

Најдобриот играч на „ѓаволите“ оваа сезона доживеа сериозна повреда на грбот и ќе пропушти повеќе важни натпревари на клубот.

Голем дел од фудбалерите кога ќе доживеат посериозна повреда, времето предвидено за рехабилитација го поминуваат во друштво со своите најблиски и во своите домови, но Маркус Рашфорд најави дека планира на поинаков начин да го побине ова време.

– На теренот или надвор од него останувам посветен на Манчестер Јунајтед. Верувајте дека ќе бидам инволвиран во сите заеднички средби на тимот и сите тренинг сесии за време на мојот процес на заздравување, - напиша меѓу другото Маркус Рашфорд.

Солскјер потврди дека Маркус Рашфорд го очекуваат шест недели заздравување, и уште некоја недела за да се врати во тренажен ритам, што значи дека може да се очекува негово враќање на терените дури во месец април.



Спонзорирани линкови

Маркетинг