Отпишаниот играч на Валверде заигра со новиот тренер: Сетиен е многу поблизок…

Дерби

20/01/2020

11:27

907

Големина на фонт

а а а

Барселона со многу мака успеа да ја оствари првата победа во ерата на Кике Сетиен, новиот тренер на каталонскиот гигант кој изминатава недела го замени Ернесто Валверде како кормилар на шпанскиот првак.

Првиот меч на Сетиен донесе неколку промени во тактичката поставеност, но посебно евидентно беше тоа што стручњакот од Кантабрија им даде шанса на талентираните играчи од „Ла Масија“. „Камп Ноу“ посебно се воодушеви кога на теренот влезе супер талентираниот Рики Пуиг, играч кој дефинитивно беше отпишан од Валверде и на кого му се закануваше позајмица овој преоден рок.

Рики влезе во игра во 71-та минута заменувајќи го Ракитиќ и ја пресече топката во акцијата по која Меси погоди за 1:0, резултат кој се покажа како конечен на дуелот со Гранада. Сетиен по минималниот триумф изјави дека е задоволен од најголем дел од работите кои ги видел на теренот, но далеку позадоволен беше 20-годишниот Пуиг кој доби овации за секој добар потег на средината на теренот.

– Сетиен побара од мене да бидам храбар, да не губам лесни топки и да притискам во нивната половина. Сетиен сака да игра убав фудбал и поради тоа сите сме многу задоволни. Тој е тренер кој сака блискост со играчите и тоа многу ми се допаѓа. Што се однесувеа до Валверде, немам што да му забележам, тој направи да дебитирам за првиот тим, – изјави Рики Пуиг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг