Салах директно посочи зошто Ливерпул го доби дербито со Јунајтед

Дерби

20/01/2020

11:22

655

Големина на фонт

а а а

Тимот на Ливерпул направи уште еден чекор кон пехарот во Премиер лигата и тоа со победата над вечниот ривал Манчестер Јунајтед.

„Црвените“ славеа со 2-0 и сега имаат 21 триумф на 22 натпревари или севкупно дури 30 поени повеќе од Јунајтед (64-34). Ова секако носи големо задоволство и среќа во таборот на Ливерпул, па има простор за шеги и пецкање на ривалот и тоа одново од страна на Мохамед Салах.

Мо пред натпреварот истакна дека Јунајтед им откина два бода на дуелот на „Олд Трафорд“ затоа што тој не настапил на истиот за да сега се надоврзе на тоа и порача:

- Како што можете да видите јас се вратив од повредата и ние го добивме натпреварот, па сега сум многу среќен за тимот, - се пошегува брзоногиот напаѓач.

- Уживаме во моментот и се надеваме така ќе завршиме. Добив додавање од Алисон, никој друг не можеше да ми даде топка, ама јас сум среќен поради резултатот, тоа е најважната работа, - дополни репрезентативецот на Египет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг