Погледнете како Русите претворија стар UAZ во Tesla Cybertruck

Точка

17/01/2020

21:10

3.058

Големина на фонт

а а а

Екипата која стои зад руската тјунерска куќа "Garage 54" направи навистина интересен автомобил.

Оваа екипа направи своја верзија на Tesla Cybertruck. Почнаа од платформата на моделот UAZ 469 за остатокот од каросеријата да го направат самостојно. Како што велат, дебелината на металните делови на каросеријата е 2 милиметри, што е нешто помалку од изворниот модел на Tesla.

Секако, Русите не го направија овој модел електричен, па така за погон на нивната верзија на Cybertruck е задолжен 2,5-литарскиот UMZ четирицилиндарски агрегат кој испорачува 70-тина коњски сили.

Како изгледаше создавањето на руската верзија на американскиот пикап кој со својот необичен изглед го привлече вниманието на целиот свет, можете да погледнете на видеото подолу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг