Масовен протест во Швајцарија: Грета им порача на светските лидери - сѐ уште не сте виделе ништо, доаѓаме во Давос!

Точка

17/01/2020

19:19

4.034

Големина на фонт

а а а

Околу 10 илјади демонстранти предводени од шведската активистка Грета Тунберг се собраа денес во швајцарскиот град Лозана.

Демонстрантите ги повикаа светските влади да се разбудат и порача дека тргнуваат за Клостер, место во близина на градот Давос каде во текот на идната седмица се одржува Светскиот економси форум.

Во говорот кој го одржа 17-годишната климатска активистка која го основаше движењето #FridaysForFuture, ги критикуваше светските влади поради тоа што не преземаат ништо или не преземаат доволно мерки за намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата.

Тунберг рекла дека со влегувањето во новата декада се уште не се случиле вистинските потези кои би направиле промена: „На лидерите и на оние кои се на позиција на моќ сакам да им каам дека сѐ уште немаат видено ништо. Тоа мора да се промени“.

Тоа е порака која ќе ја испрати и следната седмица на Светскиот економски форум во Давос.


Демонстрантите денес носеа транспаренти на кои пишуваше „Доцна е, но сѐ уште не е предоцна“, „Разбудете се и помирисајте ги пожарите“ и слично.

Илјадници демонстранти најавија дека во текот на викендот ќе тргнат со возови кон Клостерс, а потоа и во Давос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг