Вечниот крал на рингот на кој сите му се восхитувале - не успеал да нокаутира само еден противник

Супермен

17/01/2020

19:36

3.856

Големина на фонт

а а а

На денешен ден 1942-та година роден е еден од најдобрите светски боксери на сите времиња - Мухамед Али.

Освен што бил еден од најдобрите боксери на сите времиња, Американецот бил и една од најконтроверзните личности во спортот.  

Мухамед Али бил трикратен шампион во тешка категорија. Се смета за еден од најдобрите боксери во историјата на боксот.

Роден е на 17-ти јануари 1942-та година во Луисвил како Касијус Клеј. Во текот на кариерата преминал во исламот и го сменил своето име во Мухамед Али.

Шампионскиот појас го освоил во 1964-та година нокаутирајќи го Сони Листон. Подоцна бил учесник во антологиската борба со легендата во светскиот бокс, Џо Фрејзер и Џорџ Формен.

Кон крајот на 60-те години на минатиот век одбил да се бори во војната во Виетнам па бил осуден за избегнување на отслужување на воен рок и не влегол во ринг четири години.


Во кариерата имал вкупно 61 професионална борба. Добил 56 натпревари од кои 37 нокаути, а забележал 5 порази.

Тој со неговите изјави често предизвикувал скандали во јавноста, а и поради постапките константно бил во центар на внимание во текот на својата блескава кариера.

На Мухамед Али во 1984-та година му била дијагностицирана паркинсонова болест. Борачот каков што бил ни тогаш не се предавал. Во текот на децениската борба со болеста и губењето на способноста за зборување, совладал комуникација со рацете, прстите, гестикулација со лицето.


Тој починал на 74-годишна возраст. Некогашниот повеќекратен светски шампион починал во болница во Феникс, во американската сојузна држава Аризона во која бил примен поради респираторни проблеми предизвикани од паркинсоновата болест од која боледувал.

Мухамед Али во 1978-та година во некое интервју спомнал дека му се восхитува на југословенскиот боксер Мате Парлов и дека би сакал кариерата да ја заврши против него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk