Понижувачки крај на Медведев, не ни знаел дека ќе биде сменет! Подемот и падот на човекот кој не побегна од сенката на Путин

Точка

17/01/2020

14:20

5.162

Големина на фонт

а а а

Одлуката на Владимир Путин да ја прифати оставката на Дмитриј Медведев не е изненадување, туку веќе некое време неговата положба во владата постојано тонела.

Имало непријатни јавни моменти. Медведев неколку пати бил снимен како задремува за време на обраќањата на Путин. Тоа можеби му било простено, но се погласните обвиненија за личната корупција биле кобни за неговата репутација и довеле до тоа Путин на местото премиер да го замени со даночниот службеник Михаило Мишустин. 

Во видео од 2017-та година, кое на ЈуТјуб го погледнале 33 милиони луѓе, лидерот на руската опозиција Алексеј Навални го обвинил Медведев дека тајно поседува палати, јахти и италијанска винарија.

Корупцијата не е необична меѓу највисоките службеници во Кремљ. Медведев ова тврдењето го отфрлил како бесмислица, но сепак било доволно штетно во време кога животниот стандард на обичните Руси драстично паднал, како последица од западните санкции по руската анексија на Крим.

Изгледа дека уставниот потрес на Путин, кој го најавил во говорот во средата, значел крај за кариерата на Медведев во првите политички редови. Неговото ново работно место ќе биде на новоизмислена функција заменик шеф на Советот за безбедност.

Тоа е понижувачки крај за човекот кој бил и на позицијата трет претседател на Русија, по Путин и Јелцин. Кога во 2008-ма година дошол на тоа место, западните набљудувачи залудно барале знаци дека тој е полиберална фигура од Путин: Откако се обидела да го рестартира односот со Москва, администрацијата на Обана заклучила дека разликите се само во стилска природа.

Путин тогаш ја имал старата премиерска работа на Медведев, за кого сите се прашувале колку навистина е влијателен во Кремљ.

Тогаш кружела познатата шега - Медведев седи на возачкото место во автомобилот, но пред него нема волан. Се врти кон Путин на задното седиште и прашува каде е воланот. Путин од џеб вади далечински управувач и вели: "Јас ќе возам".

Анегдотата ја илустрирала вистината која во среда ја сфатиле и обичните Руси и елитата од Кремљ - Медведев во текот на долгата политичка кариера никогаш не успеал да побегне од сенката на Путин.

Другата прикладна шега била дека тој бил Робин, ако Путин е Бетмен.

До 2010-та година веќе снемало надеж дека Медведев ќе придонесе за либерализација на руското општество. Неговите прогресивни говори не биле преточени во конкретни политички дела, а Путин ги влечел конците, посебно на полето на антизападната надворешна политика.

На местото претседател Путин се вратил во 2012-та година, а Медведев на местото послушен премиер.

Политичкиот подем на Медведев целосно бил врзан за тој на Путин. Двајцата се од Советски Лењинград, денешен Санкт Петербург. Додека Путин имал тешко детство, Медведев растен нешто покомфорно. Кревал тегови и ги слушал "Deep Purple", кои подоцна свиреле за него во Кремљ.

Прв пат се сретнале во 1990-та година кога Путин бил на чело на комитетот за надворешни работи, а Медведев работел како негов советник. Станале блиски пријатели.

Путин, осум години постар и со советски поглед на светот, бил доминантна фигура во нивниот однос. Таа динамика ќе трае 30 години.

Сега кога Медведев отстапил, Русија по 2024-та година може да очекува само повеќе од Путин.

Не ни знаел дека ќе биде сменет

Медведев очигледно не очекувал дека ќе биде сменет на 15-ти јануари. Тоа го покажува и фактот дека неговиот прес-секретар, само ден пред смената, им соопштил на новинарите на кои собири ќе учествува премиерот во наредните десетина денови.

Иако го поддржал претседателот кој сака да воведе промени, неспорно на лицето на Медведев се гледа дека бил во шок поради смената за која не знаеле ништо ни министрите во неговата влада, бидејќи биле дополнително повикани да им го соопшти тоа.

Како што повеќе пати се пишувало во западните медиуми, истражувањата покажувале пад на рејтингот на владата и премиерот Медведев. Тоа било во директна врска со падот на стандардот на граѓаните. Посебно незадоволни биле пензионерите, а тие се најактивен дел од гласачката популација и ги има околу 40 милиони. Не е ни тајна дека има 20 милиони Руси кои се сметаат за сиромашни, и имаат примања пониски од 150 евра.

Во четвртокот прв пат поотворено се зборувало дека владата е сменета бидејќи не се реализирале мајските укази на Путин. Убаво срочените национални проекти не се остварувале како што било предвидено и се погласни биле критичарите на владата на чие чело бил Медведев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг