Пејачките се огласија по пожарот: “Беше шокантно да се гледа од прозорец како ти гори возилото под твојот балкон”

Точка

16/01/2020

14:13

5.743

Големина на фонт

а а а

Вчера на паркингот кај ТЦЦ Плаза биле запалени две возила, во сопственост на пејачките Ребека Јанковска – Ристески и Сузана Турунџиева.

Инцидентот се случил во три часот по полноќ, а интервенцијата траела еден час. По ваквата вест која се појави денеска на интернет порталите, се огласија и двете пејачки. 

“Пожарот беше страотен и прва го забележа мојата ќеркичка. Беше шокантно да се гледа од прозорец како ти гори возилото под твојот балкон. Направена е голема материјална штета, зашто мојот автомобил изгоре целосне, додека возилото на Ребека кое беше паркирано до моето е зафатено од пожарот само во пределот на задната врата”, изјавила Турунџиева за “Вистина” и додала:


“Никому ништо лошо ниту сум направила, ниту сум згрешила, ниту некому должам нешто… Мислам дека не се работи за никаква одмазда или предупредување од некого, туку за чиста коинциденција на група пиромани кои палат низ центарот на Скопје, фрлајќи молотови коктели. Полицијата беше сношти во потрага по нив и веќе им е во траг. За жал и јас и Ребека, ја имавме таа несреќа нашите автомобили да бидат случајна мета на пироманите”.

Ребека за “Слободен печат” изјавила дека најверојатно станува збор за пиромани:

“Сузе го купи автомобилот пред месец дена. Нова кола цела и изгоре. Мојата кола е опожарена до половина. Од полиција ни кажаа дека во последниот период 7-8 автомобили се запалени на паркинзи, дека најверојатно станува збор за пиромани”, вели пејачката.