Хари и Меган сакаат да живеат во Канада, но кој ќе им го плаќа обезбедувањето не знае ниту канадскиот премиер

Точка

14/01/2020

19:01

2.852

Големина на фонт

а а а

Најпосакувана дестинација за живот на принцот Хари и Меган Маркл е Канада, а освен во Бакингемската палата, преговори за нивната иднина се водат и токму во Канада каде што моментално е Меган со синот Арчи.

Тамошниот премиер Џастин Трудо изјави дека се разговара за тоа кој ќе го плаќа обезбедувањето на британскиот кралски пар.

Кралицата Елизабета Втора вчера одржа состанок на кој се согласи дека ќе постои „период на транзиција“ по кој војводата и војвотката од Сасекс ќе издадат соопштение дека сакаат да се повлечат од кралските должности.

Канадскиот премиер изјави дека преговорите се уште се во тек кога станува збор за британското кралско семејство, додека пак е јасно дека Хари и Меган се многу поврзани со Канада, со оглед на тоа што неодамнешните божиќни празници ги прославија токму во Канада со мајката на Меган.


Трудо изјави дека во Канада постои генерално прифаќање за војводата и војвотката од Сасекс, но исто така нагласи дека разговорите ќе продолжат.

„Не сме целосно сигурни која ќе биде конечната одлука. Мислам дека повеќето од Канаѓаните го поддржува тоа што има членови на кралското семејство овде, но како тоа изгледа и какви ќе бидат трошоци, за тоа уште се разговара“, изјави Трудо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг