„Версаче“ и Џеј Ло се секси комбинација

Fashionel.mk

14/01/2020

15:04

1.660

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот бренд „Версаче“ неодамна ја лансираше кампањата за пролет-лето 2020 година, а во склад со колекцијата која пред четири месеци ја презентираше на модната недела во Милано.

За потсетување, токму на тоа модно шоу Џенифер Лопез повторно го облече таканаречениот „тропски фустан“ кој веќе влезе во историјата на брендот. Инаку, во таа чест и инспирација, летната колекција содржеше и други креации со истиот принт. 


Затоа, не изненадува фактот што пејачката е заштитно лице на новата кампања, во која изгледа неверојатно секси. 

Покрај неа, тука е и Кендал Џенер. 

А останатите фотографии погледнете ги во продолжение: 





Спонзорирани линкови

Маркетинг