Џонсон се огласи за ситуацијата во кралското семејство: Не се сомневам дека ќе ги решат проблемите

Точка

14/01/2020

15:29

1.051

Големина на фонт

а а а

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека не се сомнева дека кралското семејство ќе ги реши проблемите кои ги има, откако кралицата Елизабета им даде благослов на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл да отстапат од кралските должности.

Џонсон за „БиБиСи“ изјави дека е голем фан на кралицата и кралското семејство кое го нарече „фантастична предност“ на Велика Британија.

„Апсолутно сум уверен дека ова ќе биде решено. И, знаете што мислам, веројатно ќе може ова лесно да се реши без никакви мои коментари во врска со тоа“, порача британскиот премиер Борис Џонсон.

Британската кралица Елизабета Втора соопшти дека се согласила со желбата на принцот Хари и неговата сопруга Меган да водат независен живот и на „кризниот состанок“ бил договорен преоден период во кој војводата и војвотката од Сасекс ќе минуваат време во Канада и Велика Британија.

Кралицата истакна дека „апсолутно ја поддржува“ нивната желба да создадат нов живот како младо семејство, но повеќе би сакала и натаму да ги вршат своите кралски должности.



Спонзорирани линкови

Маркетинг