Магла на патиштата, намалена видливост од 50 до 100 метри

Макфакс

14/01/2020

09:19

524

Големина на фонт

а а а

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патните правци Велес – Катланово, Куманово – Крива Паланка и Виница – Берово.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Спонзорирани линкови

Маркетинг