“Протекоа” фотографии од новиот флегшип на “Samsung”

Супермен

13/01/2020

16:49

1.009

Големина на фонт

а а а

“Samsung” на 11-ти февруари веќе го најави својот настан наречен “Unpacked” на кој ќе бидат претставени нови премиум модели на паметни телефони од серијата S.

Новите телефони најверојатно ќе ја носат ознаката S20 (наместо претходно најавуваните S11), со која корејскиот технолошки гигант сака да го одбележи влегувањето во шестата деценија од постоењето и работата во 2020 година. 

На помалку од еден месец до претставувањето, на интернет се појавија првите фотографии од новите уреди.

“Samsung Galaxy S20+ 5G” е фотографиран од задната страна, а на фотографијата може да се забележи изгледот на истата на која се сместени задните камери на уредот. Врз основа на тоа може да се заклучи дека уредот ќе биде опремен со систем од 4 камери и ЛЕД блиц, додека шестата позиција ја зазема дополнителниот сензор или микрофон.

Од предната страна се воочливи заоблените рабови на екранот, по изгледот доста слични на оние на моделите од Galaxy S10 серијата.

Непотврдените гласини наведуваат дека главната камера ќе биде опремена со нов чип од 108МP и “9-to-1 Bayer” сензор кој ќе прави фотографии од 12MP со “големи пиксели”, за што ќе придонесат ултрашироката и телефото леќата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk