ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со спротивставени ставови за укинувањето на лустрацијата

Макфакс

13/01/2020

14:10

503

Големина на фонт

а а а

Власта и опозицијата со спротивставени ставови околу предлог-законот за укинување на лустрацијата.

Откако ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира законот со амандмани, СДСМ обвини дека опозицијата не сака да си ги признае грешките за, како што велат, политички монтираната лустрација.

Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ, рече дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат под диктат на експремиерот Никола Груевски бидејќи прават обид да не се укине лустрацијата.

„Она што го прави опозицијата предводена од Мицкоски е доказ дека тој е продолжена рака на Груевски. Сите слушнавме во бомбите како Милошоски, Јанкуловска и Груевски нарачуваа кој политички неистомисленик да биде лустриран. Сега наместо да го поддржат законот и да се исправи оваа неправда, тие одлучуваат да останат на страната на неправдата“, рече Калеска-Ванчева.

Пред да почне комисиската расправа која беше прекината уште на почетокот, ВМРО-ДПМНЕ, најави дека нема да го поддржи законот.

„Ние сме единствена држва во која кодошите ќе добијат пари од буџетот како оштета. Одговорност за кодошите мора да има и морална и политичка“, рече Зоран Илиоски од ВМРО ДПМНЕ.

Комисијата за полтички систем ја прекина седницата на барање на опозицијата која побара присуство на министерката за правда Рената Дескоска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг