Премиерот на Малта е криминалец на годината: Во 2015-та година оваа титула ја понесе еден лидер од регионот

Точка

30/12/2019

21:34

5.093

Големина на фонт

а а а

Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) го избрал премиерот на Малта, Џозеф Мускат, за криминалец на годината. Главните фактори кои влијаеле на одлуката се убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, матните оф-шор договори и тоа што медитеранската држава се нашла во канџите на криминални интереси од голем обем, соопшти OCCRP.

"Под водство на Мускат, криминалот и корупцијата процветаа, и во многу случаи мина неказнето, што создаде амбиент кој доведе до убиство на истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција, велат инспекторите и критичарите на владата", пишува OCCRP. 

Истрагата за убиството на новинарката, која ги разоткрила коруптивните бизниси во врвот на власта, со години тапкала во место. Клопчето се одмотало во ноември, кога бил уапсен наводниот организатор, малтешкиот бизнисмен Јорген Фенек, кој е близок пријател на долгогодишниот соработник на Мускат, Кит Шембри. Шембри, поранешен шеф на кабинетот на премиерот на Малта, бил апсен и испрашуван во врска со убиството. Мускат одбил да ги смени вмешаните службеници и се спротивставувал на поголемиот притисок да поднесе оставка.

"Мускат покажа тотален презир кон медиумите, слободата на говорот и им овозможи на корумпираните фигури дека неказнено да наредуваат убиства", рекла Луиз Шели, директорка на центарот за следење на тероризам, транснационален криминал и корупција на Универзитетот Џорџ Мејсон. "OCCRP со оваа награда им укажув ачест на храбрите инспектори на ова грозно убиство и покажува дека моќните може да бидат натерани да сносат одговорност".

OCCRP потсетува дека Каруана Галиција и нејзините колеги редовно пишувале за тоа дека Малта под Мускат стаканала рај за организиран криминал и корупција - измами со програмата за златна виза, шверц на оружје, нафта, дрога, перење на пари и овозможување на италијански криминални групи да оперираат во таа држава. Новинарите се жалеле дека владата на Мускат ги заплашува наместо да ги истражува тие тврдења. Каруана Галиција во времето кога била ликвидирана била соочена со десетина парници, вклучувајќи и една со Мускат. Откако била убиена во експлозија на бомба во октомври во 2017-ма година, 45 новианри од меѓународните медиумски организации ја продолжиле нејзината работа, што помогнало да се откријат информации кои го поткрепуваат нејзиното известување.

Речиси 20.000 луѓе излегле на улиците во Валета на 1-ви декемри, барајќи правда за Каруана Галиција и повикувајќи го Мускат да поднесе оставка бидејќи го одбил барање на Фенек за имунитет во замена за информации за случајот, вклучувајќи можни врски со високи функционери на владата.

Мускат најавил дека ќе се повлече во јануари, по речиси седум години на функцијата премиер.

OCCRP, непрофитна медиумска организација која обезбедува платформа за истражувачко новинарска за мрежа од 45 непрофитни центри во 34 држави, од 2012-та година избира Лице на годината во организиран криминал и корупција, од имиња кои ги предложуваат новинари и претставници од јавноста. Минатата година била избрана Данската банка поради улогата во голем скандал со перење на пари.

Оваа година во финалето влегле и претседателот на Трамп, обвинет дека го прекршил законот со тоа што вршел притисок на претседателот на Украина да го истражи политички ривал на претстојните избори, како и неговиот личен адвокат Руди Џулијани.

Пред четири години, неславната титула ја понел премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, поради "работата на промовирање на криминалот и корупцијата".

OCCRP тогаш навел дека го одбрал поради создавање на репресивна политичка атмосфера и економија која е загушена од корупција и перење на пари.

Сите добитници на титулата:

2019 - Џозеф Мускат

2018 - Данска банка

2017 - Родриго Дутерте

2016 - Николас Мадуро

2015 - Мило Ѓукановиќ

2014 - Владимир Путин

2013 - Романски парламент

2012 - Илхам Алијев