Рецепт на денот: Американски палачинки за сите љубители на сладок оброк

Кармин

27/12/2019

15:48

6.730

Големина на фонт

а а а

Сите сме љубители на вкусни американски палачинки, но со овој рецепт ќе ги подготвите на посебен начин, за да бидат помеки и посочни од било кога.

Израдувајте ги своите најблиски со слатка вечера и уживајте во сумирање на впечатоците од изминатиот ден.

Состојки:

- 2/3 шолји млеко;
- 2 лажици вински оцет;
- 1 шолја брашно;
- 1 лажица прашак за пециво;
- 1/2 лажица сода бикарбона;
- 1/2 лажица сол;
- 1 јајце;
- 2 лажици растителен путер;
- 2 лажици јаворов сируп;
- грчки јогурт;
- овошје по желба. 


Подготовка:

Во сад измешајте го млекото и оцетот и оставете го да отстои 5 минути. Соединете брашно, прашак за пециво, сода бикарбона и сол.

Во друг сад изматете ги јајцата, растопеното масло и додадете го млекото со винскиот оцет. Сето тоа добро измешајте го, додадете ги сите состојки во смесата и мешајте додека не соедините.

Загрејте ја тавата на средна температура, стоплете малку растителен путер и печете ги палачинките од двете страни.

Послужете ги прелиени со јаворов сируп, грчки јогурт и свежо овошје. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk