Терим даде прва изјава за скандалозното однесување на Нзонзи

Дерби

15/12/2019

15:32

1.411

Големина на фонт

а а а

Турските медиуми пренесоа дека Фатих Терим го избркал Стивен Нзонзи од тренингот на Галатасарај, а набрзо после тоа, самиот клуб објави дека играчот кој ја освои светската титула со Франција е отстранет од тимот на неопределено време.

Како што информираа угледните медиуми од оваа земја, Нзонзи му испратил доста тешки зборови на искусниот стручњак, по што популарниот „Император“ одлучил да го избрка од тренингот, ставајќи му јасно до знаење дека тој го има последниот збор во првиот тим. Галатасарај вчера одигра само 2:2 против Анкарагучу, разочарувачки резултат по кој Терим даде прва изјава за скандалозното однесување на Французинот кој најверојатно ќе биде вратен на Рома.

– Тој го направи тоа што го направи и нема враќање. Навистина не го очекував тоа. Можам само да кажам дека неговото однесување не беше непочитувачко само кон мене, тој покажа непочитување кон сите соиграчи. Никој нема право да го прави тоа, можеби требаше порано да го направам ова, – порача Терим, алудирајќи на неговата одлука да го отстрани од првиот тим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг