Доаѓаат црни денови за Европа! Пушков: Американските ракети ќе донесат мрачни денови за земјите на Стариот континент

Точка

14/12/2019

18:13

4.091

Големина на фонт

а а а

Рускиот сенатор Алексеј Пушков го прокоментирал неодамнешното тестирање на американски проектил кој е забранет со одредбите на Договорот за ликвидација на ракети со среден и краток дострел, велејќи дека, во случај таа ракета да биде разместена во Европа - ќе дојдат црни денови за ЕУ.

"Такво нешто ќе ја врати Европа во нуклеарна конфронтација, како за време на Студената војна", напишал Пушков на Твитер. 

Претходно по овој повод реагирал и Кремљ, а портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рекол дека тестирањето на американската ракета, која е забранета со Договорот за ракети со среден и краток дострел, претставува потврда дека Вашингтон одамна бил наострен да отстапи од тој договор.

Се огласило и руското Министерство за надворешни работи, соопштувајќи дека Русија е загрижена, односно дека ќе ги земе сите факти во предвид.

Потсетуваме, Министерството за одбрана на САД извршило тестирање на ракета која би била забранета со Договорот за нуклеарни ракети со среден дострел INF, на што некои заговорници за контрола на вооружувањето од САД рекле дека со тоа се ризикува непотребна трка во вооружување со Москва.




Спонзорирани линкови

Маркетинг