Тотален хаос во Москва: 19.000 луѓе евакуирани поради 43 анонимни дојави за бомби

Точка

14/12/2019

12:10

1.244

Големина на фонт

а а а

Нешто повеќе од 19.000 луѓе биле евакуирани по анонимни дојави за поставени експлозиви кои дошле на адресите на 43 објекти во Москва, рекол претставник на итните служби на руската престолнина.

Анонимните закани со експлозив дошле во 19 трговски центри, 13 училишта, десет судови и една болница. 

Претходно било соопштено дека во Москва, по анонимни дојави за поставен експлозив, се проверуваат околу 40 објекти во кои има голем број на луѓе.

"Дежурната служба 02 прима анонимни пораки за поставен експлозив во училишта, трговски центри, судови и болници. Се проверуваат 40 анонимни дојави", соопштиле од службата.

Во судовите, метро станиците и социјалните објекти во Москва и Санкт Петербург бранот од анонимни повици за минирање трае подолго од две седмици. Специјалните служби досега не пронашле ниту една опасна или експлозивна материја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг