Мојсов: Разочаран сум од односот на моите играчи

Дерби

12/12/2019

10:52

897

Големина на фонт

а а а

Екипата на Еурофарм Работник доживеа убедлив пораз од 11 разлика на гостувањето кај Веспрем во СЕХА лигата.

Битолскиот состав беше надигран во сите 60 минута, па тренерот Божидар Мојсов со право беше незадоволен од залагањето и однесувањето на играчите.

- Честитки до Веспрем. Јас сум разочаран од односот на моите играчи. Одигравме под нивото. Од друга страна беше убаво да се игра во оваа арена и пред оваа публика. Му посакувам многу среќа на Веспрем во иднина, - истакна Мојсов.

Следната средба на „фармацевтите“ е против рускиот претставник Спартак Москва.



Спонзорирани линкови

Маркетинг