Преговорите за влада на Косово без резултати, нема договор за коалиција

Макфакс

12/12/2019

09:47

1.913

Големина на фонт

а а а

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот сојуз на Косово Исa Мустафа, но договор за постизборна коалиција не е постигнат.

„Состанокот на лидерите на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот сојуз на Косово Исa Мустафа за постизборна коалиција заврши без резултати“, изјави портпаролот на Демократскиот сојуз Бериоан Мустафа.

„Договорено е идните состаноци да бидат поинтензивни за да се постигне договор за владејачката коалиција“, рече тој.

Курти претходно изјави дека „не постојат пречки кои нема да ги мине“ за да постигне договор. Ова беше прв состанок на двајцата лидери по состанокот одржан на 2 овој месец на кој не беше постигнат договор поради несогласувања околу кадровските решенија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг