Актерката се породила во тајност, но се појавиле ексклузивните фотографии со второто дете: „Во бременоста го загубив разумот“

Кармин

11/12/2019

17:42

3.707

Големина на фонт

а а а

Оскаровката Ен Хатавеј, како што пренесуваат од “US Weekly“ го доби своето второ дете. Актерката сè направила во тајност, никој не знаел кога ѝ е терминот за породување ниту пак во која болница ќе се породи.

Ен Хатавеј и нејзиниот сопруг Адам Шулман биле фотографирани на 8-ми декември со тригодишниот син Џонатан и новиот член на семејството.

Актерката во месец јули, оваа година објави дека е бремена. Тогаш на Инстаграм објавила фотографија на која позира со трудничкиот стомак.

Неколку недели потоа, откако открила дека е бремена, на свечениот настан “Television Critics Association“, изјавила дека поради бременоста го губи разумот и дека не може да се сети што се случило пред две минути.


„Мојот мозок многу чудно работи во текот на бременоста. Ве молам немојте да се лутите. Немам поим ни каде сум. Имам впечаток како некој да ми го јаде мозокот“ - рекла низ насмевка Ен Хатавеј.

Адам и Ен, синот Џонатан го добиле во 2016-та година. Парот се трудел синот да не биде толку многу изложуван во јавноста. Актерката не објавила ниту една фотографија со својот син на Инстаграм.

Како и во случајот со првото дете така и со второто. Актерката не сака медиумите и јавноста да знаат било што за нејзиниот приватен живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk