Мигранти провоцирале на парада, па го извлекле подебелиот крај: Учесниците маскирани во ѓаволи ги претепале со палки

Точка

10/12/2019

17:03

9.072

Големина на фонт

а а а

Секоја година во Јужен Тирол граѓаните маскирани во таканаречени крампуси дефилираат на улиците, а на почетокот на декември прославата ја расипала тепачка со мигранти.

Како што се наведува, неколку мигранти ја гледале поворката, а потоа во еден момент се обиделе да ги отстранат маските на некои учесници. 

По провокацијата, маскираните луѓе ги нападнале и тргнале во беспоштедно тепање. Мигрантите почнале да бегаат, но не успеале сите да побегнат од "крампусите", кои ги удирале со палки.

Инаку, крампус е демон кој во текот на ноември и декември ги прогонува луѓето во средна Европа, според старото верување.

Некои велат дека верувањето потекнува уште од времето пред христијанството, кога се обожувале духовите на природата, а Католичката црква го претворила во ѓавол, како суштество кое побегнало од канџите на пеколот.

Но, што и да бил тој, крампус игра важна улога во периодот околу Свети Никола. Влакнестото суштество ги плажи децата со својата метла од бреза и ги става во вреќа, ги киднапира и бега со нив.

Ваквите прослави се најпопуларни во Австрија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг