Руските астронаути ќе бараат нафта од вселената: Развиена е посебна технологија

Точка

09/12/2019

13:28

2.343

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Руски вселенски системи“, дел од „Роскосмос“ соопшти дека е развиен првиот инфрацрвен радиометар за пронаоѓање на руда од Меѓународната вселенска станица.

„Новиот инструмент кој е поставен на Меѓународната вселенска станица ќе помогне да се следи ситуацијата во океаните и да се следат динамичните процеси на бреговите. Исто така, ќе може да се изврши тематско правење на мапи за земјени површини, вклучувајќи геолошки мапи, трагање и идентификација на руда, откривање на можни подрачја со гасни и нафтени полиња“, соопштија од компанијата.

Радиометарот ќе овозможи да се надгледуваат техногените и природните стихии, да се откриваат жаришта на пожари, како и да се одредува влажноста на тлото, да се бараат подземни води и геотермички извори.


Новата руска технологија ќе стане инструмент за истражување и прогнозирање на сеизмички активности, како и да овозможи да се оцени состојбата на полигоните на индустриски и домашен отпад.

Инаку, веќе заврши изработката на инструментите и започна производството. Завршните работи за создавањето на целосната апаратура се планирани за 2022-ра година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг