Тажни фотографии го обиколија светот - Викториините водопади пресушија, а тамошните жители велат дека ваква сцена гледаат првпат во нивните животи

Точка

09/12/2019

12:57

7.119

Големина на фонт

а а а

Жителите никогаш досега не виделе вакво нешто. Викториините водопади оваа година пресушиле во поголемиот дел и ова е најтешката суша која ги погодила во последните сто години.

Овие водопади спаѓаат меѓу најубавите на светот и се наоѓаат на Замбези, граничната река меѓу Замбија и Зимбабве.

Водопадите се широки над 1.5 километри со пад и до 128 метри. Овие водопади ги открил шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон во 1855-та година и ги нарекол по кралицата Вукторија иако локалното име за овие водопади е “чад кој грми“.


Викториините водопади се под заштита на УНЕСКО, а сега светот е потресен поради фотографиите од пресушените водопади каде што само еден дел од млазот вода тече низ падините додека пак поголемиот дел е целосно пресушен.

Водостојот на реката Замбези исто така е многу опаднат.


Експертите велат дека причината за ова може да бидат климатските промени, а тамошните жители стравуваат дека поради ова би можеле да останат и без туристи.


Жителите велат дека и претходните години имало суша, но не ваква каква што е сега. Ваква сцена гледаат првпат, пренесуваат од “The Guardian“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг