Расте стравот за животот на девојче (13) кое исчезнало пред повеќе од 48 часа.
Последно што се знае за неа е дека безбедносните камери ја снимиле како влегува во воз, пренесува Дејли Меил.
Fears grow for schoolgirl, 13, who has been missing for 48 hours https://t.co/CmExYpXMhs
— Tracey McKenzie (@AuntiexTx) December 8, 2019
Атланта Батлер последен пат е видена во четвртокот наутро во малото градче Сенди, Англија.
Безбедносните камери на железничката станица ја снимиле како влегува во воз за Лондон, околу 10:56.
Девојчето има долга, рамна кафена коса и сини очи. Полицијата вчера испратила повик за помош за да се пронајде девојчето. Ги објавиле и снимките од безбедносните камери за некој да им помогне во истрагата.
На официјалната страна на Твитер напишале: „Објавуваме нови информации за исчезнатата Атланта Батлер. Девојчето пристигнало на железничката станица после 10.30 часот и фатило воз за Лондон во 10:56.“