Полициска акција во Грчец и во Арачиново

Нетпрес

07/12/2019

15:08

2.496

Големина на фонт

а а а

Голема полициска акција се случува на неколку локации во Скопје, меѓу кои и во селата Грчец и Арачиново.

Од полицијата не откриваат детали, но неофицијално акцијата е поврзана со пукањето во Александар Палас минатата недела.

Од МВР најавија дека со повеќе детали ќе излезат во текот на денот.

Граѓани известуваат дека во Грчец има десетици полициски возила со специјални единици од МВР. Таму најверојатно акцијата веќе е при крај или е завршена. Другите локации во Скопје не се откриваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг