Руски милијардер од Лондон удрен со автомобил додека го шетал кучето, подоцна им подлегнал на повредите: „Намерно е убиен“

Точка

07/12/2019

16:12

3.169

Големина на фонт

а а а

Рускиот милијардер Дмитриј Обрететски, смртно настрадал минатата недела додека го шетал кучето во Англија, пренесува CNN.

Полицијата во четвртокот објавила соопштение дека 49-годишниот Дмитриј Обратетски починал на 30-ти ноември после сообраќајната несреќа која се случила 5 дена претходно, во селото Оксшот, покрај Лондон. Инаку, во Англија се преселил заедно со семејството пред неколку години.

После сударот во кој учевствувале три автомобили, Обратетски во тешка состојба бил однесен во болница. Сè уште никој не е уапсен, истрагата е во тек. 


Павел Боровков, долгогодишен пријател на Дмитриј, за руските медиуми рекол дека не ја исклучува можноста да е убиен.

„Знаете, луѓето во Лондон возат многу внимателно. Не би ја исклучил можноста намерно да е удрен со автомобил“, рекол Боровков.

Инаку, Обратески бил сопственик на компанијата „Magnat Trade Enterprise“, основана во 1991-ва година во Волгоград.




Спонзорирани линкови

Маркетинг