Грција и Турција се на раб на судир?

Точка

08/12/2019

01:41

4.671

Големина на фонт

а а а

Атина и Анкара се блиску до вооружен судир, откако Турција со Либија потпишала договор за разграничување.

Договорот се доведува во врска со ексклузивната економска зона која зафаќа дел од грчките територијални води. 

Со договорот кој е потпишан на 27-ми ноември е предвиден коридор кој се простира долж источниот Медитеран меѓу брегот на Турција и Либија и сече дел од морето на кое право положува Грција.

Министерот за енергетика на Турција, Фатих Донмез, најавил дека кога договорот ќе се ратификува од двете страни, турски бродови ќе почнат со подводно бушење во тоа подрачје во потрага по природен гас и нафта.

Иако грчката воена морнарица не се огласила официјално, двајца експерти за "Al Jazira" велат дека Атина пратила поморски сили во спорното подрачје југоисточно од Крит.

Професорот по меѓународно право и пратеник на конзервативната Нова демократија во грчкиот парламент, Ангелос Сиријос, смета дека Турција нема да може да почне со бушење.

"На Анкара и е порачано дека нема да се толерира никакво истражување во областа која Грција ја смета за своја ексклузивна економска зона", додал Сириој.

Шефот на персоналот на грчката морнарица, адмирал Никос Цунис, порачал дека поморските сили на Грција нема да чекаат на ничија помош. "Се што ќе направиме, ќе направиме сами", јасен е Цунис.

Како што пишуваат медиумите, ни состанокот меѓу грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на маргините на НАТО самитот не довел до конкретно решение.

Извор од катарската телевизиска мрежа наведува дека Мицотакис и Ердоган се согласиле да продолжат со мерки кои би граделе доверба и дијалогот да остане отворен.

Грција и Турција во минатото спровеле низа мерки за градење на доверба од 1987-ма година кога за малку ќе избиела војна поради истражувањата во Егејското море.

Договорено е двете страни да избегнуваат воени вежби во текот на летните туристички сезони, планирано е воспоставување на директни врски меѓу началникот на генералштабот и министерот за одбрана, како и повикување на офицер од спротивната страна на маневри.

Меѓутоа, не се сите мерки применети. Во периодот од 2017-та и 2018-та година директната телефонска линија на воените шефови на двете држави била во дефект, пишува "Sputnik".



Спонзорирани линкови

Маркетинг