Камчев: Кога бев кај Боки 13 да ми нуди бизниси, таму беше и Венко Филипче

Точка

06/12/2019

14:27

3.517

Големина на фонт

а а а

На судењето за случајот "Рекет", Бојан Јовановски му поставува прашања на сведокот Орце Камчев.

На една од средбите меѓу Боки 13 и Орце Камчев, во домот на Боки бил присутен и министерот за здравство Венко Филипче. 

Ова го откри Камчев додека одговараше на прашањата од Бојан Јовановски.

Боки, меѓу другото, го праша Камчев зошто на 22.2 2019 година дал лажни милион евра, кога Врховниот суд начелно правно мислење за истрагите на СЈО во негова полза за "Империја".

Камчев одговорил дека одлучил да плати за да ја тргне лагата од себе и за конечно да почне да владее правото во Македонија.

Боки го праша Камчев дали свесно го наведува да ги поткажува политичарите, дали свесно го наведувал на бизниси со него, дали го терал Зоран Милевски постојано да го вика кај него...

"Не те терав да ми покажуваш слики, да ги пушташ на спикерфон, не те наведував да ја донесеш Катица на операција за желудник и цревата за да ја намали тежината", одговорил Камчев.

Боки го прашал Камчев што правел во неговиот дом на 15-ти март, а бизнисменот одговорил дека дошол за да ја слушне бизнис идејата која Боки му ја понудил, и која ја одбил.

"На тој состанок, покрај мене, Јовановски и жената која чисти кај него, беше и министерот Венко Филипче", рекол Камчев.





Спонзорирани линкови

Маркетинг